AR доживување: Крадејќи ти ги чувствата

Stealing Ur Feelings  е искуство со проширена, аугментирана реалност за моќта на препознавање на емоциите на лицето со вештачка интелегенција што се служи со вашата реакција на застрашувачки начин.

Запознајте ја новата вештачка интелегенција (АИ) што ве познава подобро отколку самите себе. Станува збор за искуство со аугментирана реалност кое открива како вашите омилени апликации можат да користат технологија за препознавање емоции на лицето за да донесат одлуки за вашиот живот, да промовираат нееднаквост, па дури и да ја дестабилизираат демократијата.

Филм во аугментирана реалност кој открива како најпопуларните апликации можат да користат технологија за препознавање емоции на лицето за да донесат одлуки за вашиот живот, да промовираат нееднаквост, па дури и да ја дестабилизираат демократијата. Користејќи ја истата AI технологија  на корпорациите, „Крадејќи ги чувствата“, од Ноа Левенсон, ги учи најдлабоките тајни на гледачите само со анализа на нивните лица додека го гледаат филмот во реално време.

Шестминутниот документарец ја објаснува науката зад технологијата за препознавање емоции на лицето и открива како софтверот избира карактеристики како очите и устата за да разбере дали сте среќни, тажни, лути или одвратни. Иако не е потврдено дали големите технолошки компании започнале да го користат оваа вештачка интелегенција, „Крадејќи ви ги чувствата“ ги истражува потенцијалните апликации, вклучително и патент на „Снепчат“ (Snapchat) насловен „Одредување расположение за група“. Дијаграмите од патентот покажуваат дека „Снепчат“ (Snapchat) со помош на паметните телефони со камера ги анализира и рангира емоциите на корисниците на концерти, дебати, па дури и на парада.

Документарецот е напправен благодарени на награда за креативни медиуми од „Мозила“ вредна 50,000 американски долари. Наградите за креативни медиуми ја рефлектираат посветеноста на „Мозила“ да се здружува со уметници кои ја ангажираат јавноста во истражување и разбирање на комплексни технички проблеми, како што се потенцијалните AI стапици во апликациите за запознавање или за вработување.

„Крадејќи ви ги чувствата“ дебитираше на Интернет, заедно со петицијата од „Мозила“ до „Снепчат“ (Snapchat). Од гледачите се бара да се насмевнат пред камерата на крајот од филмот ако сакаат да ја потпишат петицијата во која се бара„Снепчат“ (Snapchat) јавно да открие дали веќе користи технологија за препознавање на емоциите на лицето во својата апликација. Откако камерата ќе открие насмевка, гледачот е се пренасочува кон страницата за петиција, која може да ја прочита и да ја потпише.

Документарецот создава и картичка со можност за преземање на која се прикажува фотографија на гледачот со филтри и леќи слични на „Снепчат“ (Snapchat). Оваа слика открива некои претпоставки кои вештачката интелигенција ги креира за гледачот додека го гледа филмот. Тоа вклучува коефициент на интелигенција на гледачот, годишен приход и колку сакаат пица и Канје Вест.