01. 11. @ 20:45 | Чистачите (The Cleaners)

Дали можете да бидете сигурни дека тоа што ќе го објавите на Интернет ќе остане таму? Ѕирнете во скриената индустрија на дигитално чистење, каде Интернетот сам се ослободува од она што не го сака. Кој го контролира она што го гледаме… и што го мислиме?

Откријте една прикриена индустрија во сенка во која Интернетот се чисти од она што не го сака. Се среќаваме со пет „дигитални чистачи“ од илјадниците луѓе ангажирани од Силиконската долина чија задача е да ги избришат „несоодветните“ содржини на Интернет. Освен тоа, среќаваме луѓе низ целиот свет, чии животи се драматично погодени од цензурирањето на Интернет содржини. Еден типичен „чистач“ мора да набљудува и да оцени илјадници честопати длабоко вознемирувачки слики и видеа секој ден, што доведува до трајни психолошки последици.

Сепак, под површината се наметнуваат длабоки прашања за тоа дали една слика е уметност или пропаганда и што е тоа што се дефинира како новинарство. Каде е точниот баланс социјалните мрежи да не бидат ниту нерегулиран простор, ниту форум  кој изобилува со цензура?  „Чистачите“  имаат потешкотии да ја прифатат оваа нова и неубедлива парадигма. Еволуирајќи од една заедничка социјална визија за глобалното село во мрежа од лажни вести и радикализација, филмот го прикажува растот и падот на утопистичката идеологија на социјалните медиуми.