02. 11. @ 13:30 | #MoJo storytelling, можностите за развој на мобилно новинарство на домашната медиумска сцена
Мобилното новинарство нуди многу можности и иновативни начини за видео-изразување без потреба од скапа опрема. Имајќи ги предвид финансиските можности на редакциите во земјава, би можело ли мобилното новинарство да понуди решение за медиумски содржини што не бараат многу пари и време за изработка?
ПИНА ја започна Програмата за мобилно новинарство и организира обуки за студенти и млади новинари заинтересирани за горливите општествени прашања. Ќе разговараме за можностите што ги нуди оваа програма, како и за иднината на овој новинарски жанр во Македонија, а ќе погледнеме и дел од работата на учесниците во обуките на ПИНА.
Програмата за мобилно новинарство е дел од проектот – „Преку мобилно новинарство до зголемување на медиумската писменост“ реализиран со поддршка од грант-програмата на проектот „Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите“, финансиран од Европската Унија.
За време на работилницата ќе биде обезбедено освежување.
Говорници: Ивана Настеска, Теодора Цветковска, Флоријан Шмиц, Жарко Настоски, Кристина Озимец
Модератор: Марина Лазаревска