Александар Манасиев

VIDI VAKA

Александар Манасиев е наградуван истражувачки новинар од Македонија. Почнал да се занимава со новинарство во 2003та година и поминал најголем дел од својата новинарска кариера работејќи во печатени медиуми во Македонија и регионот, со скромно искуство како ТВ новинар.

Од 2016, Манасиев е главен уредник на Види Вака, медиум за дигиталната генерација преку кој успешно имплементира нови форми на дигитално раскажување приказни.

Неговите продукти и видео приказни биле објавени во повеќе од 50 медиуми како: The Guardian, BBC, Deutche Welle, Forbes Croatia, Jutarnji List, Ekonom:east и така натаму. Тој е ентузијаст во полето на документарните филмови, работејќи како сценарист или режисер на четири документарци во последните неколку години.