
Ана Јакимовска
Culture Trip
Ана Јакимовска е родена во Скопје, а веќе 15 доини живее во Лондон. После докторирањето на тема „Вештачка интелигенција“ ја почнува својата кариера во видни британски медиуми (ITV, Channel 4, BBC, Sky News, The Guardian) на лидерски позиции во дигитална област. Најголемо професионално внимание посветува на дигитални искуства на сите платформи и отклучување нови начини за наоѓање нови дигитални корисници, задржување на постоечките и заштита на екосистемот за вести кој е во криза поради промените што ги внесоа интернетот и социјалните мрежи.
Во последните две години работела како директор за дигитални продукти во Гардијан и била дел од тимот кој ја создаде стратегијата за стартапот Culture Trip. Culture Trip пишува глобални содржини за култура и патувања со посебно внимание на употреба на вештачка интелегенција.
Ана верува дека вештачката интелигенција е следниот голем бран дисрупција кој треба паметно да се искористи во медиумската сфера. Паралелно на тоа помага како советник на старт-ап наречен ThisMuchIKnow, компанија која се фокусира на покривање теми кои го менуваат општеството во позитивна насока, активизам со посебен фокус на теми што ги засегаат миленијалците.
Силно верува дека здрави медиуми и особено истражувачко новинарство се клуч за здрави демократии. Во моментов ја чита „Permanent Record” од Едвард Сноуден и силно ја препорачува книгата Breaking News: The Remaking of Journalism and Why it Matters Now од Alan Rusbridger. Работа која најмногу ја плаши е климатската криза. Брегзит е на второ место. Исто така се надева дека нашата земја што побрзо ќе влезе во ЕУ и НАТО. Живее со нејзиното 3 годишно синче и партнер во јужниот дел на Лондон.