Ана Петрушева

Директорка на БИРН Македонија

Ана Петрушева е искусна новинарка и една од основачите на БИРН регионалната мрежа, како и БИРН Македонија.

Како директорка на БИРН Македонија организира тренинзи и дебати кои ги инволвираат новинарите и обезбедува финансирање за организацијата. Taa беше главна уредничка на водечката публикација Balkan Insight на БИРН од 2006та до 2016.

Пред нејзиното приклучување во БИРН, Ана беше директорка на Институтот за известување во војна и мир во Македонија. Таа претходно работела како новинарка за различни медиуми во земјава и странство, вклучувајќи ги Ројтерс, Дојче Веле, Телма и дневниот весник Дневник. Ана беше соработник-продуцент на документарецот на IWPR: „Охрид и пошироко” и ко-авторка и продуцентка на косовскиот документарец на БИРН „Дали некој има план”?

Ана димпомирала на отсек новинарство на Правниот факултет при универзитетот „Свети Кирил и  Методиј“ во Скопје.