Ана Зафирова

Фриленсер новинар и модератор

Ана Зафирова е фриленсер новинар и модератор кој активно работи од 1997 година. Кариерата ја минува низ различни медиумски платформи, телевизија, радио и печатени магазини. Професионален белег се авторскиот телевизиски магазин „Врти сучи тоа ти е Скопје“ и уредничката позиција во магазинот „ТЕА Модерна“ која од додаток во дневен весник, ја изнесува на пазар како независен медиумски производ.

Зафирова е обучувач и на теми како реторика и јавен настап и односи со јавност.