
Билјана Георгиевска Спасовска
ТВ КЛАН
Уредник во ТВ КЛАН Македонија. Преку 30 години новинар, од кои половината во редакцијата на БиБиСи на македонски јазик, во Скопје и во Лондон. Полиња на интерес: меѓународни односи, меѓуетнички прашања, човекови права, екологија.
Во последните години член на група за комуникација со грчки колеги, во врска со Преспанскиот договор (иницијатива на Фондацијата Фридрих Еберт) . Член на Ethical Journalism Network, во обид во Македонија да се издвојат професионалните медиуми што почитуваат етички стандарди од пропагандистичките. Учесник во проекти за медиумска писменост на пошироката заедница.