Билјана Николовска

ТВ Телма

Билјана Николовска е новинар во националната телевизија Телма, а е ангажирана и на истражувачката емисија КОД. Кариерата ја започнува во локална радио станица, продолжува како дописник од Велес, за од 2014 та година да работи во информативната редакција на ТВ Телма.

Добитник е на награда за најдобар дописнички прилог, и на повеќе награди за истражувачки стории од кои три се  доделени од Европската Комисија. Автор е на документарен филм  и серија стории кои откриваат корупција, организиран криминал, нарушување на човековите права и нефункционирањето на системот.