Џелал Незири

СКУП-Македонија

Џелал Незири е искусен новинар, уредник и аналитичар. Високо образование завршил на Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2017 магистрира на комуникации во Институт за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на тема „Присуството на истражувачкото новинарство во печатените медиуми во Република Македонија“.

Од 2018 година е докторанд по политички науки во програмата „Демократија во услови на глобализација“ во ИСППИ. Во период од 2004-2018 година следел неколку обуки од областа на новинарството и односите со јавноста во САД, Велика Британија, Белгија, Германија и С.Македонија. Автор е на голем број на истражувачки стории, анализи и научни студии кои се објавени во земји на Европска унија, САД и Индија.

Исто така, бил новинар и уредник во повеќе медиуми во С.Македонија и регионот. Раководител на повеќе национални и меѓународни проекти од областа на новинарското и научното истражување. Од 2006-2011 е координатор за Македонија на Данската мрежа за истражувачко новинарство SCOOP, додека од 2011 година е ко-основач и уредник на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија.

Од 2015 година е Член на Советодавниот одбор на Европската фондација за истражувачко новинарство Journalismfund.eu и на невладината која е организатор на конференцијата за документирано новинарство EIJC & Dataharvest со седиште во Белгија. Првата негова книга со анализи е насловена „Времиња на еклипси“ и е издадена во 2017 година. Во 2018 ја издава втората книга насловена “Во длабочините на веста”.