Џемилиана Абдулова

Бариканипе

Џемилиана Абдулова е апсолвент на студии по новинарство при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Од 2016 година е претседател на здружението на граѓани Ромски културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ.

Како координатор на проект се јавува во повеќе проекти меѓу кои и „Запознајте ја мојата сосетка Ромка“ во кој се отсликуваат видео стории на три успешни Ромки, рол-модели преточени во документарен филм. Ангажирана беше и на проектот „Влијанието на националните политики врз инклузијата на Ромите“ кадешто ги водеше фокус групите и учествуваше во уредништвото на истоимената публикација.

Како јазичен уредник се јавува на неколку печатени изданија на познати ромски автори. Во моментов работи на видео интервјуа со познати личности од областа на медиумите и културата на помалкубројните етнички заедници што се дел од проектот„ Вклучување на помалкубројните заедници во културниот живот“.

Има пишувано колумни и изработени видео анкети за веб-порталот 24 Вакти. Како млад активист има учествувано на неколку аматерски театарски фестивали како главен актер во театарски претстави, како и на ораторски настани.