Флоријан Шмиц

Фриленсер

Флоријан Шмиц е фриленс автор и новинар од Германија, стациониран во Солун, Грција. Тој е дописник за Дојче Веле, Радио Бремен, Deutschlandfunk, WDR и други медиуми.

Фокусиран е на политичкиот и општествен развој во Грција, односите меѓу Грција и Балканот и внатрешно-европските процеси. Тој ги комбинира личните приказни со поширок историски и современ контекст, секогаш имајќи ги на ум аспектите како културен идентитет и потиснувањето на малцинските групи.

Во 2017 ја објавува својата прва книга. Шмиц е активен и како тренер за мобилно новинарство и раскажувачки техники.