
Горан Михајловски
САКАМДАКАЖАМ.МК
Еден од најреномираните современи новинари и колумнисти во Македонија. Основач и главен и одговорен уредник на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК (www.sakamdakazam.mk или www.sdk.mk).
Тој е автор на „Сакам да кажам“, најдолготрајната и најпопуларна колумна во историјата на македонското новинарство која излегува од 1991, за која е двократен добитник на наградата „Крсте Мисирков“. Колумната е издадена и во пет збирки книги.
Добитник е и највисоката државна награда за новинарство „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.
Oсновач е и поранешен главен уредник на весникот „Вест“, во тоа време најтиражниот весник во земјата.
Беше ангажиран и како професор на Факултетот за новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Св. Методиј“, а ангажиран е и како предавач на домашни и меѓународни конференции.
Член е на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), а е координатор за Македонија на Медиумската огранизација на Југоисточна Европа (СЕЕМО).