
Магдалена Михајлоска
Image PR
Михајлоска е магистер по комуникации со близу 20 години професионално искуство, од кои пет години искуство во областа на медиумите и јавните комуникации како активен новинар, уредник во неделникот Капитал и дописник од Македонија за регионален медиум.
Како дел од тимот на агенцијата за односи со јавност и комуникациски менаџмент, ImagePR, има близу 15 години искуство во областа на односи со јавноста.
Има богато искуство во контакти и активно комуницирање со бизнис заедницата, државни институции, меѓународни организации и експерти и авторитетите во власта, следење на промена на процеси и реформи во институциите. Клучните квалификации вклучуваат развој и реализација на комуникациски стратегии и програми, поставување систем на активни односи помеѓу медиумите и институциите и компаниите, реализација на проекти, водење комункациски кампањи, кризно комуницирање, детално познавање од областа на стратешките комуникации и начинот на функционирање на медиумите, идентификација на најсоодветни алатки и тактики за различни целни публики.