Матијас Еркиле

Svenska Yle

Матијас Еркиле е главен уредник на Svenska Yle, отсекот на шведски јазик при финскиот јавен сервис Yle. Пред да ѝ се придружи на редакцијата на Svenska Yle во 2012 година, работел за магазини посветени на теми од техологија, финансии и медиуми, меѓу кои и финското издание на Computerworld.

Како гостински научен соработник во Polis, новинарскиот истражувачки центар на Одделот за медиуми и комуникации при Лондонската школа за економија и политички науки, Еркиле ја разгледува блокчејн технологијата и можностите што таа ги нуди во новинарството. Во јануари 2019 година ја објавува студијата Употреба на блокчејн во новинарството.