Саша Станишиќ

Video on demand платформа Cinesquare

Саша дипломирал компаративна и светска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, како и филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде има магистирано во областа на филмска и ТВ режија. Негово истражувачко поле на интерес се наративни форми на визуелен израз (видео игри, виртуелна реалност…)  кои произлегуваат од  новите дигитални тeхнолoгии, како и новите алтернативни начини и платформи на дистрибуција на содржини.
Основач е на продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ која се занимава со пред-продукција и продукција на филмови и дистрибуција на филмови. Компанијата е пионер во развивање на нови дистрибутивни модели во овој регион. „Катавеј“ ја создаде Seecinema.net – датабаза за филмови, фестивали и филмски професионалци од 13 земји од Југоисточна Европа со социјална мрежа и агрегатор за вести, како и првата регионална Video on demand платформа Cinesquare.net која е активна во 13 земји. Има учествувано на повеќе семинари и работилници посветени на новите начини за производство и дистрибуција на содржини. Автор е на повеќе кратки филмови и телевизиски формати.