
Сашка Цветковска
ИРЛ Македонија
Коосновач на Истражувачкта репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија. Таа следи домашен и меѓународен организиран криминал и корупција и е eден од пионерите во истражувањата за медиумска сопственост и пропаганда во земјата како ко-основач на првата дата база за медумска сопственост Медиапедиа.
Од 2015 година Цветковска работи на меѓународниот истражувачки проект Spooks and Spins: Information wars in the Balkans чијашто цел е да ги открие центрите на моќ и движењето на парите во глобалните информациски војни. Во изминатите години таа работела на серии домашни и меѓународни истражувања кои открија корупција, нелегална трговија со оружје, шпионажа и трговија со влијание.
Нејзините текстови се објавувале во едни од највлијателните глобални медиуми како „Гардијан“, „Базфид“, „Дер Стандард“ и други. Добитник на повеќе од десет домашни и меѓународни признанија за нејзината работа.