02. 11. @ 21:00 | Белингкет- вистината во светот на пост-вистината (Bellingcat – Truth in a Post-Truth World)
Белингкет – вистината во светот на пост-вистината го истражува потенцијалот на истражувањата преку отворени извори, воведувајќи ги гледачите во ексклузивниот свет на колективот составен од „граѓански истражувачки новинари“ познат како Белингкет.
Кому сè уште можеме да му веруваме? Во време кога владите шират лажни вести за да предизвикаат конфузија и неизвесност, станува сè потешко да се стигне до вистината. Додека најголемите новински организации сè уште ги проверуваат фактите со користење на свои утврдени извори, паметните корисници на Интернет откриваат дека има и попаметни и поточни начини да го направите тоа сами.
Белингкет – вистината во светот на пост-вистината го следи меѓународниот тим на граѓански истражувачки новинари кои ги користат своите познавања за социјалните медиуми, техниките за реконструкција и аудио-анализи за да спроведуваат детални истражувања. За авионската несреќа MХ-17, на пример, користат Google Earth, снимки од автомобилски камери и профили на Фејсбук. Или за злосторствата во Сирија, ги преиспитуваат видеата за автентичност и потоа ги складираат и чуваат во огромна база на податоци за идни можни истраги.
Режисерот Ханс Пол објаснува сè во интервјуата со симпатични тематски примери. Дури и најважните организации и власти не можат да и парираат на генијалноста на мала група волонтери.