02. 11. @ 14:30 | Дигитализирани редакции – примерот на Svenska Yle
Работилница за професионални новинари со Матијас Еркиле: Традиционалните редакции се дигитализираат – што може да се научи од Svenska Yle
Svenska Yle, отсекот на шведски јазик при финскиот јавен сервис, изминатите неколку година активно развива современа, примарно дигитална редакција. На оваа работилница ќе имаме прилика да слушнеме што научиле при дигитализацијата, процес кој сѐ уште трае.
Присутните ќе имаат можност да ги изнесат и конкретните проблеми со кои нивната редакција се соочува при дигиталната трансформација.
Говорници: Матијас Еркиле