01. 11. @ 20:30 | Времето на децентрализиран интернет доаѓа (The Decentralized Web is Coming)

Амазон, Гугл, Фејсбук и Твитер се на мета на федералната влада, но потребната технологија за да се поткопа нивната доминација можеби веќе постои.

88 проценти од пребарувањата на Интернет во Соединетите американски држави  се одвиваат преку Гугл. Фејсбук  има повеќе од 2,4 милијарди активни корисници ширум светот месечно. Се предвидува дека до 2021 година половина од целокупната малопродажба во САД ќе се одвива преку Амазон . И демократите и републиканците повикаа на разбивање на технолошките гиганти, држејќи ги законски одговорни за она што другите го изјавуваат на нивните платформи, и наметнување нови регулативи што ќе ги спречат да ги злоупотребуваат личните податоци за нивните клиенти. Но, се појавува и друго активно движење предводено од некои од првите пионери на мрежата, чија цел е да се изнајдат технолошки начини со кои ќе се спротистават на Фејсбук, Амазон, Твитер и Гугл.