01. 11. @ 13:30 | Н3MAМ ШТ0 ДА КРИЈАМ
Кирилс Соловјовс, ловец на багови, активист за креирање IT политики и најистакнатиот етички хакер во Латвија, ќе открие каква цена плаќа општеството кога луѓето сметаат дека нема што да кријат.
„Не правам ништо нелегално, немам што да кријам“. Го имаме слушнато ова. Но, што ризикуваме прифаќајќи го овој став и дали тоа е воопшто точно? Цената ја плаќаме и лично и колективно како општество.
Добредојдовте во ерата на пост-приватност.
Говорници: Кирилс Соловјовс