01. 11. @ 12:30 | Новинарство со виртуелна реалност за заштита на правата на бегалците

Мариа Фернанда Лаурет ќе претстави дел од иновативните ВР известувања на АЏ Контраст

Виртуелната реалност како иновативен начин за пласирање содржини станува сè попримамлива за редакциите ширум светот. Дали виртуелната релност е идината на новинарството? Тимот на Ал Џезира Контраст успева да го насочи вниманието на јавноста кон состојбата на бегалците и други теми поврзани со заштита на човековите права, преку користење иновативни алатки како виртуелната реалност.

Презентација на Мариа Фернанда Лаурет од АЏ Контраст, една од водечките екипи за Ви-Ар новинарство во светот, што истражува разнолики приказни за и од маргинализирани заедници и земји во развој. АЏ Контраст создава уникатна и сеопфатна содржина што ги надминува досегашните рамки за наративно известување, пренесувајќи го гледачот кај лицата и заедниците најтешко погодени од конфликт, прогон и нерамноправност. Мариа Фернанда Лаурет ќе претстави дел од известувањата на АЏ Контраст за правата на бегалците, а со помош на Ви-Ар опремата присутните ќе имаат можност да погледнат снимки со виртуелна реалност.

Освен на оваа работилница, посетителите во холот на кино „Култура“ ќе може да го посетат интерактивниот дел од ИФФС за времетрањето на целиот фестивал и со помош на фестивалските волонтери да погледнат дел од работата на АЏ Контраст користејќи Ви-Ар сетови.

Учеството на Мариа Фернанда Лаурет на ИФФС е поддржано од Претставништвото на УНХЦР во државата.

 

За време на работилницата ќе биде обезбедено освежување

Говорници: Maриа Фернанда Лаурет

Модератор: Maриа Фернанда Лаурет