31. 10. @ 19:15 | Новинарството и медиумите во дигиталната ера и социјалните мрежи, каде одиме?

Вистинското новинарство е во кризa насекаде низ светот. Сè повеќе новинари остануваат без работа, и сè потешко оди финансирањето независни медиуми. Во свет на ПР, социјални мрежи, дигитален маркетинг, промовирања и реклами, каде лежи иднината на новинарството?

Ќе може ли новинарството да ја преживее ерата на социјалните медиуми? Како да се исползуваат иновативните технологии за кај публиката да се побуди интерес за тешките прашања? Ќе ги примаме ли информациите во виртуелна реалност? Ќе си ја задржат ли новинарите улогата на дежурни бранители на јавниот интерес што влијаат кон позитивни општествени промени?

Ова се само дел од прашањата што ќе се начнат на првата фестивалска дискусија.

Говорници: Ана Јакимовска, Maриа Фернанда Лаурет

Модератор: Ана Зафирова