04. 11. @ 21:00 | Официјални тајни (Official Secrets)

Вистинска приказна за британската укажувачка Кетрин Ган, која во медиумите споделува документ што докажува дека американската разузнавачка агенција НСА нелегално прислушкува членови на Советот за бзбедност на ОН со цел да се изгласа нападот врз Ирак.

Кога во 2003 година Велика Британија и САД се подготвуваат за војна во Ирак, преведувачката Ган објавува доверливи информации со кои се обидува да го спречи нападот. Обвинета за прекршување на т.н. Одредба за официјални тајни, ризикувајќи затворска казна и соочувајќи се со силен притисок, Ган е принудена да ја брани својата одлука.