01. 11. @ 18:00 | Програма за жени-новинарки, можности за промени во медиумската сфера
Истражувањата покажуваат дека новинарките се значително помалку присутни на повисоките управувачки места во медиумите, во споредба со своите машки колеги. Ова е една од клучните причини зошто ПИНА ја започна Програмата за жени-новинарки, поддржана од Цивика Мобилитас, каде новинарките стекнуваат вештини од мултимедијално и мобилно новинарство што им овозможува поголема самостојност во работата.
Верена Ламерт, уредничка во германската радиотелевизија WDR, ќе го сподели искуството за комуникација со помладата публиката на теми од феминизмот и други важни прашања пласирани на нејзиниот наградуван инстаграм-канал. Таа ќе им се придружи на учесничките во Програмата за жени-новинарки на ПИНА, чија работа ќе биде прикажана во рамки на дискусијата.
Програмата за жени-новинарки на ПИНА е дел од проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ поддржан од Цивика Мобилитас.
Говорници: Вања Мицевска, Џемилиана Абдулова, Верена Ламерт, Кристина Озимец
Модератор: Ивана Митровска