01. 11. @ 11:00 | Студентски и младински новинарски иницијативи – потенцијалот на неформалното новинарско образование

Можна ли е реформа во новинарските факултети? Ова се само дел од предизвиците за кои ќе зборуваме со нашите гости

Сè помалку студенти се запишуваат на студии по новинарство на факултетите во Македонија. Истовремено, се јавуваат нови можности за неформално образование за младите кои се заинтересирани за новинарство. Какви потенцијали имаат ваквите иницијативи? Подготвени ли се да ги предводат идните генерации новинари? Можна ли е реформа во новинарските факултети? Ова се само дел од предизвиците за кои ќе зборуваме со нашите гости.

Говорници: Емилија Петреска, Сефер Селими, Ангела Петровска, Милена Атанасоска-Манасиева, Даниел Евросимоски

Модератор: Даниел Евросимоски