31. 10. @ 20:30 | The Great Hack

Како дата компанијата „Кембриџ Аналитика“ стана симбол за темната страна на социјалните медиуми во пресрет на претседателските избори во САД во 2016 година.

Податоците во светот денес се повредни од нафтата.  Стануваат оружје за културна и политичка војна. Луѓето од разни страни на светот водат битка за контрола над нашите најинтимни лични детали. Наградуваните филмаџии Карим Амер и Џехејн Нуџејм, нè водат во темниот свет на експлоатацијата на податоци и ни овозможуваат неверојатен пристап до различните искуства на клучните играчи вклучени во експлозивниот скандал со податоци на Кембриџ аналитика / Фејсбук. Филмот нè принудува да го преиспитуваме потеклото на информациите што секојдневно ги примаме. Што е тоа што го оддаваме со секое тапкање на телефонот или тастатурата и што го споделуваме во дигиталното доба?