ПИНА го организира ИФФС во партнерство со Фондацијата „Фридрих Еберт“ (FES), непрофитна германска фондација финансирана од Владата на Сојузна Република Германија, со седиште во Бон и Берлин. Основана е во 1925 година и е именувана по првиот демократски избран претседател на Германија, Фридрих Еберт. ФЕС е посветена на унапредувањето на социјално-политичкиот и економскиот развој во духот на социјалдемократијата, преку граѓанско образование, истражување и меѓународна соработка. Фондацијата „Фридрих Еберт“ е најстарата политичка фондација во Германија. Канцеларијата на „Фридрих Еберт“ во Македонија го поддржува процесот на трансформација на државата во следните области: Општествен ангажман и активизам, Социјален дијалог, Процес на интеграција на Македонија во ЕУ, Регионална соработка во Западен Балкан.
Годинава дел од програмата на фестивалот е поддржан и од УНХЦР Скопје.