Официјална програма

31
Ден 1
октомври
-
Новинарството и медиумите во дигиталната ера и социјалните мрежи, каде одиме?
Вистинското новинарство е во кризa насекаде низ светот. Сè повеќе новинари остануваат без работа, и сè потешко оди финансирањето независни медиуми. Во свет на ПР, социјални мрежи, дигитален маркетинг, промовирања и реклами, каде лежи иднината на новинарството?
-
The Great Hack
Како дата компанијата „Кембриџ Аналитика“ стана симбол за темната страна на социјалните медиуми во пресрет на претседателските избори во САД во 2016 година.
01
Ден 2
Ноември
-
Студентски и младински новинарски иницијативи – потенцијалот на неформалното новинарско образование
Можна ли е реформа во новинарските факултети? Ова се само дел од предизвиците за кои ќе зборуваме со нашите гости
-
Новинарство со виртуелна реалност за заштита на правата на бегалците
Мариа Фернанда Лаурет ќе претстави дел од иновативните ВР известувања на АЏ Контраст
-
Н3MAМ ШТ0 ДА КРИЈАМ
Кирилс Соловјовс, ловец на багови, активист за креирање IT политики и најистакнатиот етички хакер во Латвија, ќе открие каква цена плаќа општеството кога луѓето сметаат дека нема што да кријат.
-
Инстаграм за новинари
Со примерот на наградуваниот инстаграм-канал @maedelsabende, Верена Ламерт ќе покаже како новинарите да дојдат до публиката на оваа платформа
-
Мрачно место (A Dark Place)
Онлајн безбедноста на жените новинари оди многу подалеку од еднаквоста меѓу половите и слободата на печатот, директно влијаејќи на квалитетот на нашите демократии и правото на општеството за слободен пристап до информации.
-
Програма за жени-новинарки, можности за промени во медиумската сфера
Истражувањата покажуваат дека новинарките се значително помалку присутни на повисоките управувачки места во медиумите, во споредба со своите машки колеги. Ова е една од клучните причини зошто ПИНА ја започна Програмата за жени-новинарки, поддржана од Цивика Мобилитас, каде новинарките стекнуваат вештини од мултимедијално и мобилно новинарство што им овозможува поголема самостојност во работата.
-
Владината борба против дезинформации – можност за цензура, неопходен чекор или само план на хартија?
Владата најави акциски план за борба против лажни вести и дезинформации, што наиде на сомнеж кај многумина од медиумската сфера и граѓанскиот сектор. Ќе ги слушнеме ставовите на искусни новинари врзани со предложениот акциски план на Владата за борба против дезинформации и лажни вести.
-
Времето на децентрализиран интернет доаѓа (The Decentralized Web is Coming)
Амазон, Гугл, Фејсбук и Твитер се на мета на федералната влада, но потребната технологија за да се поткопа нивната доминација можеби веќе постои.
-
Чистачите (The Cleaners)
Дали можете да бидете сигурни дека тоа што ќе го објавите на Интернет ќе остане таму? Ѕирнете во скриената индустрија на дигитално чистење, каде Интернетот сам се ослободува од она што не го сака. Кој го контролира она што го гледаме… и што го мислиме?
02
Ден 3
Ноември
-
Прекугранична соработка на новинари од Грција и С. Македонија
Колегите од двете држави често се соочуваат со слични предизвици и проблеми.
-
Видео на барање (Video-on-Demand)
ОТТ видеото е најголемиот тренд во професионалното испорачување содржини во моментот. Илјадници документарни филмови денес се достапни преку конкурентни услуги за стриминг и видео на барање (VOD).
-
#MoJo storytelling, можностите за развој на мобилно новинарство на домашната медиумска сцена
Мобилното новинарство нуди многу можности и иновативни начини за видео-изразување без потреба од скапа опрема. Имајќи ги предвид финансиските можности на редакциите во земјава, би можело ли мобилното новинарство да понуди решение за медиумски содржини што не бараат многу пари и време за изработка?
-
Дигитализирани редакции – примерот на Svenska Yle
Работилница за професионални новинари со Матијас Еркиле: Традиционалните редакции се дигитализираат – што може да се научи од Svenska Yle
-
Како екстремно десничарското движење на Стив Банон заглави во Европа (How Steve Bannon’s far-right ‘Movement’ stalled in Europe)
Време на европските парламентарни избори и поранешниот главен стратег на Доналд Трамп, Стив Банон пристигнува во Европа.
-
Блокчејн, медиуми и поздрав интернет
Матијас Еркиле ја разгледува блокчејн технологијата и можностите што ги нуди во новинарството.
-
(До) Каде се дигиталните редакции во Македонија
Може ли да се разговара за иновативен пристап кога се соочуваме со проблеми и предизвици на основно ниво?
-
Белингкет- вистината во светот на пост-вистината (Bellingcat – Truth in a Post-Truth World)
Белингкет - вистината во светот на пост-вистината го истражува потенцијалот на истражувањата преку отворени извори, воведувајќи ги гледачите во ексклузивниот свет на колективот составен од „граѓански истражувачки новинари“ познат како Белингкет.

04
Ден 4
Ноември
-
Официјални тајни (Official Secrets)
Вистинска приказна за британската укажувачка Кетрин Ган, која во медиумите споделува документ што докажува дека американската разузнавачка агенција НСА нелегално прислушкува членови на Советот за бзбедност на ОН со цел да се изгласа нападот врз Ирак.
Поставки за времетраење на целиот фестивал:

-
VR/360. Раскажување и технологија во полза на новинарството
Нурнете во светот на VR. Во холот на кино Култура со помош на VR очила фестивалските гости ќе имаат прилика одблизу да ги доживеат документарните приказни на иновативното студио Контраст од дигиталниот оддел на Ал Џезира.
-
AR доживување: Крадејќи ти ги чувствата
Stealing Ur Feelings е искуство со проширена, аугментирана реалност за моќта на препознавање на емоциите на лицето со вештачка интелегенција што се служи со вашата реакција на застрашувачки начин.