
Сефер Селими
Democracy Lab
Oсновач и директор на Демократската лабораторија (Democracy Lab). Дипломирал Бизнис администрација на Југоисточниот Европски Универзитет (SEEU) и магистрирал дипломатија и меѓународни односи на Меѓународниот универзитет во Струга. Во 2016 година бил студент на програмата за решенија во заедницата, поддржана од САД, а реализирана во рамките на ИРЕКС(IREX). Во текот на неговата кариера, работел како проект менаџер во различни невладини организации, имплементирајќи проекти од областа на транспарентност и одговорност на локалните самоуправи.
Од 2013 до 2017 година, Сефер работел на истражување и имплементација на локално-економскиот развој во општина Гостивар. Тој, исто така, како координатор го предводеше и Гостиварскиот општински младински совет. Во 2015 година, ја основаше и платформата за зајакнување на младите во локалната средина.
По негово водство, „Democracy Lab“ прерасна во релевантен и препознаен фактор во Северна Македонија во нивната сфера, како и веродостоен партнер во регионални проекти. Во текот на 3 години, организацијата има спроведено над 12 успешни проекти во борбата против корупцијата, спречување на насилен екстремизам, градење демократија и менторство на медиуми.
Организацијата го формираше Центарот за млади и заедница во Гостивар, кој е на располагање на сите граѓани на Гостивар. Им нуди слободен простор за скеој еден кој сака и има идеја за позитивни промени во градот. Во првата година од нивното работење Центарот го посетиле 7000 граѓани, спровеле над 200 активности и средби. Сефер учествува и во ТВ дебати како политички аналитичар и креатор на јавно мислење во областа на демократијата, евро-атланските интеграции и меѓународни односи и безбедност.
Преку неговото искуство остварува соработки помеѓу меѓународните и локалните институции. Се залага за одржливи соработки и партнерства со цел материјални промени во локалните средини во земјава и регионот.