
Васко Маглешов
Макфакс
Васко Маглешов е новинар, презентер и водител повеќе од 10 години. Ја започнал неговата кариера на националната телевизија ,,Сител”, работел на сателитскиот канал 24 вести и ја продолжил својата кариера како уредник на вести во Телевизија 21.
Маглешов беше награден од Мисијата на ЕУ во Северна Македонија за истражувачка сторија. Тој е еден од авторите на прирачникот за дезинформации и критичко размислување за неформално образование во земјата, исто така и член на Судско-медиумски совет на Македонија.
Учествувал во голем број професионални тренинзи и работилници за независни медиуми, медиумска писменост, проверка на факти и истражувачко новинарство. Тој бил дел од групата за анализа на медиумската покриеност и медиумски мониторинг програма. Моментално работи во ,,Макфакс” новинска агенција покривајќи судски и политички теми.